Почитувани,
борбата за независна и суверена држава на македонскиот народ трае со векови. Желбата за слобода и борбата за неа ја нотопила со крв секоја педа од оваа света земја. А сувереноста и независноста ја добивме со разум и мудрост пред 3 децении. Кога Балканот пламтеше, македонскиот народ на Референдум со 95% „за“ се изјасни за сопствена, самостојна и независна држава. Горди сме на генерацијата политичари што во 1991 година го отвори патот и му овозможи на народот да ја изнесе својата волја.
Денес 30 години подоцна Р. С. Македонија е модерна современа држава, членка на НАТО и аспирант за членство во ЕУ, со многу проблеми, но и со многу успеси, со борба на мудрост, знаење, добронамерност и желба за поубав живот.
Нека и е среќен роденденот на државата!
Нека ни е среќна и вековита државноста, независноста, самостојноста и сувереноста на нашата татковина!
Да живее македонскиот народ!
Да живее Р. С. Македонија!