На сите граѓани од исламската вероисповед им упатувам честитки за најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
На овој празник на простувањето и солидарноста му претходеше дисциплината на духот и телото, прочистувањето на срцето и душата за да се дојде до највозвишените вредности – семејните и вредностите на општеството, заедништвото и дијалогот кои водат до мир и благосостојба.
Ви го честитам овој ден со срце и збор онака како што тоа и Вие го правите – искрено.
Bajram Šerif Mubarek Olsun!