Општина Градско даде позитивно мислење на Предлогот за донесување на акт – Решение за прогласување на црквата „Св.Атанасие“, село Свеќани за значајно културно наследство, донесен од Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура.
Со позитивното мислење дадено од општина Градско ова културно добро се става во соодветна категорија, со што добива посебен режим на заштита и се обезбедува негово соодветно управување и одржување. Ова наше културно наследство претставува неспорно сведоштво од значење за историјата на селото Свеќани и општина Градско.