Учество на општина Градско во проектот „Стари занаети, нови времиња“!

260

Никола Трендафилов и Андреа Велиновска од општина Градско од 29-ти септември до 6-ти октомври 2022 година се дел од младинска размена во Бистрица, Р.Романија во рамките на Еразмус+ проектот „Стари занаети, нови времиња”. Проектот се спроведува во партнерство на 4 граѓански организации, меѓу кои Локалната Акциска Група АГРО ЛИДЕР која е соработник на општина Градско. 20 учесници од 4 европски држави -Македонија, Романија, Италија и Бугарија имаат можност да посетат традиционални занаети во руралните средини во Романија, истовремено запознавајќи ја културата и убавината на романските села.