Успешна имплементација на проектот „Од отпад до храна“!

206
Правилното справување со органскиот отпад е еден од приоритетите на Општина Градско. За главните предизвиците од оваа проблематика, Градоначалникот Нацков имаше можност да разговара со Елена Бодикова од Словачка, меѓународна консултантка за управување со отпад. Таа ќе ѝ помогне на општина Градско успешно да ги имплементира сите активности во рамки на проектот „Отпад до храна – органскиот отпад во зелената економија“, кој општината го реализира со поддршка УНДП-МК.
Проектот „Отпад до храна – органскиот отпад во зелената економија“ се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка. Денес бевме во посета на локалните компании, Агриа и Вардар Биопроцес, како и на локалната депонија.