Усвоен Буџетот за 2024 година!

171

Советот на Општина Градско денес го усвои Буџетот за 2024 година, кој оваа година е проектиран со вкупна вредност од 95.110.978,00 денари.
За 2024 година се планирани повеќе капитални проекти:
• Изградба и реконструкција на патишта и улици во повеќе населени места;
• Модернизација на централното подрачје во Градско со кој центарот на Градско ќе добие нов модерен лик и поискористен простор за сите категории на граѓани;
• Обезбедени се средства за Изградба на две детски игралишта од кои едно во населба Стопанство и едно во Градско во непосредна близина на фудбалското игралиште;
• Средства се обезбедени и за проектот кој ќе произлезе од страна на учесниците на форумите за заедницата каде заеднички со UNDP ќе финансираме проект избран од граѓаните;
• Во Буџетот за 2024 година има предвидено и средства за бесплатната градинка за сите деца, бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение и уште многу други проекти.
• Капиталните инвестиции во општината за 2024 година учествуваат со 25 % во вкупниот Буџет.
• Исто така предвидени се и средства за помош за новороденчиња, односно по 10.000 денари за секое новородено дете во општината;
• Стипендии за најдобар студент, најдобар средношколец и најдобар основец;
• Со оглед на потешкотиите во функционирањето на Јавното комунално претпријатие во кои се најде поради заостанатиот долг кон ЕВН за потрошена електрична енергија која се користи за обезбедување непречено функционирање на водоводните пумпи, во Буџетот за 2024 година на Општина Градско обезбедивме и средства за субвенционирање на Јавното Комунално претпријатие, средства кои ќе се искористат за плаќање на годишната рата за исплата на долгот кон ЕВН;
• Обезбедени се и средства како наше учество за функционирањето на Регионалниот центар за згрижување бездомни миленици – Стационар – ШЕПА.