Третоодделенците го посетија Градоначалникот Нацков!

92
Учениците од трето одделение од ООУ „Даме Груев“ денес беа гости во административната зграда на општина Градско. Посетата е во рамките на наставата по предметот општество, методска единица „Запознај ја локалната самоуправа”.
Учениците се запознаа со работата на општината, надлежностите и начинот на функционирање.