На сите првачиња, на сите ученици од општина Градско им посакувам успешен почеток на оваа учебна година!
Од овој прв ден и од чувствата што ќе им се создадат овој ден на нашите првачиња, ќе зависи големината на љубовта со која ќе му пријдат на училиштето и колку сериозно ќе ја сфатат обврската што престои пред нив.
Сето ова што е наша обврска да им создадеме услови за учење, да им обезбедиме квалификувани и посветени наставници, ние го сторивме.
И овој септември сите ние чувствуваме посебна возбуда и посебна одговорност да им го направиме полесен и поубав образовниот процес на нашите наследници, а со тоа да го исполниме долгот што општеството ни го дава на сите нас заедно.
Среќно!