Соопштение!

486

Општина Градско ја информира јавноста дека на ден 15.07.2021 год. (четврток), ќе врши превентивна терестична дезинсекција за почеток во следните населените места: од 22:00 часот во с. Виничани и 24:00 часот во нас. Градско.
Исто така се известуваат пчеларите за време на прскањето и до 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на промена на временските услови (дожд и ветер), третирањето ќе се изврши кога ќе се создадат погодни временски услови.