Согласно законската регулатива, општина Градско започна со заловување на бездомните кучиња!

433

Општина Градско веќе подолг временски период се соочува со проблем од бездомни животни- скитници затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот. Општината како основен носител и релевантен субјект во решавање на проблемот со бездомните животни на својата територија, ја превзема својата задача со што ангажираше регистрирано прифатилиште за кучиња скитници за регулирање на случајот. Во наредниот период се очекува оваа акција да се спроведе и во останатите населени места. Ефикасно, одговорно, хумано, трајно го  надминавме проблемот со што ќе се гарантира   здравствената   заштита   и   јавната   безбедност   на   населението   и   ќе се спречи создавање/прилив на нови кучиња на улица.