Свечена академија по повод патронот на општината Св.Апостол Павле!

180
Општина Градско го започна чествувањето на својот патрон.
На свечената академија одржана во чест на Апостол Павле, актерите ни ја доближија неговата мисија со извадоци од Библијата во која 28 пати се споменува Македонија. Еве еден од цитатите:
„Апостол Павле прв го проповедал евангелието во Македонија. На Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија – помогни нѝ! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието“.
Свеченостите продолжија со кршење на славскиот колач и литургија во сослужение на свештенството на Повардарската епархија.
Неkа е за многу години Павловден!