Реконструкција на подот во ООУ„Даме Груев“ во Градско!

129

Како дел од Проектот за унапредување на основното образование, финансиран од Светка банка, преку Министерството за образование и наука, започна првата фаза од имплементацијата на реконструктивни зафати за подобрување на пристапноста во објектот на основното училиште “Даме Груев” во Градско. Станува збор за реновирање на сите подови во училиштето и замена на стариот под со нов хомоген, поливинил хлорид – мек ПВЦ во ролна.
Целта на проектот е подобрување на условите за учење во основното образование и подобрување на квалитетот на наставните практики.