Општина Градско со сопствени средства го реконструираше кошаркарското игралиште во централниот парк.

Се постави еластична спортска подлога (тартан) со дебелина од 13мм, на површина од околу 400м2, како и поставување на комплет нови кошови со двостолбна конструкција, изработена од поцинковани метални профили со стаклена калена табла (FIBA стандарди).

Висина на средства обезбедени за оваа намена 1.159.940,00 денари.

Изведба : Интеко ДООЕЛ Скопје (FIBA лиценца).