Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион!

134

Потпишан е Договорот за изградба на Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион помеѓу ЦВРП и изведувачот на работите АС Машини Кавадарци. Локацијата на објектот е во населба Глишиќ на површина од 5470 м2. Целосната финансиска конструкција на овој проект изнесува 14 892 319 денари. Дел од средствата во висина од 5 119 385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада а дел од средствата во висина од 9 772 933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа. Согласно динамиката за изведување на градежните работи , целиот проект треба да биде готов во наредните 6 месеци. Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштата на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства за оперативни трошоци за работење на центарот.