Благодарејќи на иницијативата на Организацијата на жени, во рамки на обележување на „16 Декември“ Ден на општина Градско, денес за прв пат во нашата средина се одржи трибина со наслов “Живот без насилство”. Едно од најзначајните прашања на кое заеднички мораме да дадеме одговор и да преземеме мерки е родовото базирано насилство.
Општина Градско стои на располагање за взаемна соработка, сѐ со цел на добивање на конкретни резултати.

