Презентиран проектот „Од отпад до храна“!

240
Соработката на малите општини до заедничка цел, селектирање на органскиот отпад и негово искористување во зелената економија и зголемување на средствата во буџетот на општините од сопствени извори се основна водилка за проектот „Од отпад до храна“.
Во рамки на овој проект, на 8-ми ноември општина Градско беше домаќин на консултантката за управување со отпад од Словачка, Елена Бодикова која оствари две презентации.
Пред градоначалниците и пред раководителите на комуналните претпријатија на Градско, Лозово и Росоман беа презентирани:
Актуелните состојби со собирањето и одложувањето на отпадот во општините
регулативата која ја наметнува Европската Унија за управување со отпад, како и
добри практики од Словачка и Чешката Република, каде малите, рурални општини се здружуваат со заедничка инвестиција во средства за работа, машини и работна рака, во имплементирање на решенија за селектирање, собирање и употреба на отпадот како репро-материјал и суровина, со чиешто продавање може да се остварат приходи за општините.
Презентација беше организирана и во училиштето ООУ „Даме Груев“ Градско , пред претставници на Советот на општината, невладини организации, наставници, Советот на родители. Имплементирањето е во соработка со УНДП, а со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка.