Потпишан Меморандум за соработка со Општина Конак, Измир, Република Турција!

107
На покана на Општина Конак денес со нивната градоначалничка г-ѓа Нилуфер Чинарли Мутлу потпишавме Меморандум за збратимување.
Новите пријателства и воспоставени релации секогаш претставуваат нови можности за соработка и продлабочување на воспоставените комуникации и да се создадат трајни и нераскинливи релации.
Се надевам дека ова збратимување ќе не поврзува со векови иако географски нашите две општини се оддалечени, сепак ќе трае и ќе се одржува низ времето.
Општина Конак е дел од градот Измир,се наоѓа во неговиот централен дел,и брои 366.000 жители.