Потпишан Договорот со Центарот за развој на Вардарски плански регион за изградба на пристапен пат до земјоделски површини во с.Виничани!

571

Општина Градско денес потпиша договор со Центарот за развој на Вардарски плански регион за подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини – Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделски обработливи земјиште во општина Градско од с.Виничани до м.в. Свети Илија – (Ѓорѓиица) во должина од вкупно 900 метри (500м+400м).
Средствата се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Реализација на проектот се очекува по завршување на постапката за јавна набавка кон почетокот на месец септември!