Потпишан Договорот за изградба на локалниот пат Долно Чичево-Манастир „Св.Архангел Михаил“!

409

Значаен дел од сакралното и културното наследство во општина Градско е Манастирот „Св.Архангел Михаил“. Нашата цел е да го направиме видлив и достапен, затоа денес го потпишавме Договорот со Центарот за развој на Вардарски плански регион, за обезбедени финансиски средства од Бирото за регионален развој. 
Вредноста на проектот е во висина од 6.599.997,00 денари, за должина од 952,62 метри. Општина Градско ќе учествува со сопствени средства, со кофинансирање од 10%.