Поставени контејнери за електричен и електронски отпад!

272
Екон Електрон и Општина Градско поставија контејнери за одложување на електричните и електронски апарати кои повеќе не се функционални, како што се стари мобилни телефони, расипани апарати за домаќинство, компјутери, тастатури, фенови и сл.
Во следниот период, ќе биде поставен и трет, за големите апарати, како телевизори, фрижидери и сл. во близина на комуналното претпријатие.
Не си штетете себе си, на околината, ослободете се од електричниот и електронски отпад безбедно, на некое од собирните места на Екон Електрон.