Поставени забавувачи на брзина во општина Градско!

249

Безбедноста на жителите треба да биде на прво место. За да се подобри истата, општина Градско постави забавувачи на брзина на пет локации во нас.Градско и с.Ногаевци по барање на жителите. Целта е да се намали брзината на возилата низ овие населени места, а со тоа и ризикот од сообраќајни незгоди. Оваа јавна набавка е во вредност од 150.000,00 денари, средства издвоени од општинската каса.