Посета на претставници од различни Лагови од Република Австрија!

88
На наше големо задоволство, во посета на општина Градско, беа претставници од Република Австрија, во рамките на проектот Е-Хелп за подобрување на пристапот на социјални услуги преку дигитализација и вмрежување од кои дел е и општина Градско.
Овој проект се спроведува со поддршка на Австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи. Се надевам дека досегашната плодна соработка ќе отвори можности за соработка и во други области од заемен интерес.