Поделени новогодишни пакетчиња на децата од ромската заедница!

413

Оваа година не ги заборавивме и децата од ромската заедница. Секое дете од ромската населба „Стопанство“ беше израдувано со новогодишно пакетче од страна на Градоначалникот Киро Нацков.

Со ова докажавме дека општина Градско се грижи за секоја категорија на граѓани.

На сите им посака среќни празници и им вети дека ќе продолжи да имплементира мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животот на сите жители на општина Градско.