Поддршка од Биро за регионален развој на општина Градско

1698

Општина Градско преку Бирото за Рамномерен Регионален Развој при Министерството за Локална самоуправа обезбеди средства за реализација на два проекти во 2019 година!
1. Проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби: Подобрување на патната инфраструктура – Изградба (асфалтирање) на улица бр.1 и улица бр.2 со вкупна должина од 340м (190+150) во село Водоврати. Вредноста на проектот е 2.179.652,46 денари. Општина Градско учествува со 11% сопствено учество од сопствен буџет во висина 239.761,77 денари.
2. Проект за развој на селата: Заштита на животна средина и подобрување на процесот за собирање на отпад со набавка на пластични канти за смет и поцинковани контејнери во општина Градско, со вредност од 531.000,00 денари. Општина Градско учествува со 11% сопствено учество односно 58.410,00 денари.