Позитивната пракса од минатата година нè стимулираше и овој пат да продолжиме да го финансираме престојот во градинката „Кокичиња“ во Градско од сопствени буџетски средства.
Ги известувам сите родители кои имаат деца до 6 години, и имаат потреба од згрижување на своите деца, да извршат упис во градинката „Кокичиња“ затоа што општина Градско и оваа година престојот ќе го покрие во целост.