Осветен камен-темелникот на новата црква Св.Апостол Павле во Градско!

983

Нека е за многу години денешниот голем христијански празник посветен на Апостолот Павле, христовиот следбеник кој ја посеал христијанската вера на овие македонски простори.
И токму на овој свет ден со благослов на Неговото Високо преосвештенство г. Агатангел, започнува изградбата на уште едно светилиште на верата – црквата Св.Апостол Павле, овде, во центарот на општина Градско, во средиштето на Повардарската епархија.
Во оваа прилика на сето христијанско население од Општина Градско, од име на Советот на општина Градско и од мое лично име упатувам голема благодарност до нашиот Владика што имаше духовна сила и одлучност да ни изгради црква.
Горд сум што во ова економски многу тешко време Епархијата, верниците, бројните спонзори, имаат доблест и смогнаа сили да подигнат црква што ќе го обележи времето на нашето постоење.
Посебно им се заблагодарувам на компаниите Вардар 03 АД Градско, Винарија „Стоби“, Отпад ДООЕЛ Охрид и Ина Трејд Лоте од Охрид, за досегашната донација за почетната фаза на изградбата на црквата.
На сите искрено Ви благодарам. Убеден сум дека побрзо ќе имаме уште еден ваков сенароден собир за осветување на изградената црква. Камен темелникот што денес го поставуваме е темел на многу вредности: на нашата сплотеност, заедништво, соработка, разбирање. А црквата е тоа место што не обединува сите и за радост и за тага. Посакувам во овој свет дом да се случуваат радости, венчавки, крштенки, да расте бројот на жителите на Општината и на верниците што овде ќе го најдат својот духовен мир.
На сите верници да им го честитам Павловден, на оние што го носат името на Апостолот Павле им го честитам именденот, а на сите нас нека ни е за многу години!

Градоначалник на општина Градско, Роберт Бешовски.