Општина Градско ја посетија претставници од „Народниот сојуз за грижа на германски воени гробишта“!

149
Во периодот помеѓу 27 и 31 октомври 2022 година, во нашата општина претстојуваа претставници на „Народниот сојуз за грижа на
германските воени гробишта“ (Volksbund) со седиште во Касел, Сојузна Република
Германија. Сојузот претставува институција која се занимава со утврдување
и одржување на германски воени гробишта во Европа и Северна Африка. Претставниците на „Народниот сојуз за грижа на германските воени гробишта“  извршија увид за актуелната состојба на гробиштата на германските војници кои се наоѓаат на територијата на општина Градско.
Г-дин Олег Воронов и г-дин Константин Ортлиб ја посетија наведената локација, потоа ќе изготват план и препораки за мерките кои требаат да бидат превземени во правец на зачувување германските воени гробишта во нашата општина.
Реконструкцијата на локацијата ќе се врши во текот на 2023 година.