Општина Градско формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби!

1207

Заради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот Општина Градско формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19.

– Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви:
☎️ 070566261
☎️ 078441443
– После јавувањето доаѓа лице од мобилниот тим од општина Градско во домот на нарачателот и ќе ја прими нарачката со соодветни средства за купување на истата!