Општина Градско продолжува со изградба на канализациони системи за добивање на целокупна изградена канализациона мрежа!

1771

Во 2018 година општина Градско изработи техничка документација за неколку населени места во општина Градско кој немаат канализационен систем и тоа за нас.Стопанство во Градско, с.Подлес, с.Долно Чичево и с.Горно Чичево.
За нас.Стопанство процедурата за реализација на проектот за изградба на канализационен систем вреден околу 7.000.000,00 ден. е во завршна фаза со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Европска Инвестициона Банка, како и решавање на неочекуваниот проблем со заостанат долг на општината кон Министерство за транспорт и врски настанат во 2008 година за невратени средства.