Општина Градско продолжува да се грижи за почиста и поздрава околина!

1656

Општина Градско отпочна со реализација на проектот за подобрување на процесот за собирање отпад и заштита на животната средина.
Ќе бидат поставени 150 пластични канти и 15 поцинковани контејнери во населените места Кочилари, Уланци, Долно Чичево, Горно Чичево, Подлес, летниковците покрај Подлешкото езерото и населба Стопанство каде што досега не се собирал комуналниот отпад!