Општина Градско обезбеди средства од АФПЗРР за Реконструкција на локалниот пат од с.Долно Чичево кон Градско!

1518

Потпишан договорот за Реконструкција на локалниот пат од с.Долно Чичево кон Градско (делница) во должина од 1,8 км со ДГ “Бетон” АД Скопје во вредност 16.921.721.00 ден., средствата се обезбедени од општина Градско (2.581.279,00 ден.) и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој (14.340.440,00 ден. ) при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за мерка 321- Подобрување на квалитетот на животот во руралните средини!