Општина Градско меѓу најуспешните по соработката со УСАИД!

58
Мисијата на УСАИД да им помага на општините да ги зголемат изворните приходи и помогна на Општина Градско во период од 18 месеци да реализира 7 проекти. Преку овие проекти Општината доби техничка поддршка со која успеа да ги зголеми изворните приходи за 50%, а транспарентноста за 54%. Овие резултати и донесоа на Општина Градско 13 од можни 16 индексни поени со што се најде на врвот на најуспешните општини.
Постигнатиот успех ни отвора можности за понатамошна соработка со УСАИД и уште поголема ефикасност во давањето услуги на граѓаните.