Одржани регионалните спортски натпревари во кошарка и пинг понг за лицата со оштетен слух!

252
Во соработка со здружението на глуви од Градско, на задоволство на сите, се одржа турнир во кошарка и пинг понг со учесници од цела Македонија.
Денешниот настан е уште една потврда дека во општина Градско живееме заедно, едни со други, а не едни покрај други. Особено не прави горди фактот што станува збор за колективен спорт – кошарка и спорт на рефлексивна и моторичка способност – пинг понг.
Инклузијата овој пат не е само на хартија, таа е тука, наше секојдневие. Ќе останеме на овој курс на обединетост и ваквите настани, ќе станат наше секојдневие.
Честитки за сите учесници.