На денешната крводарителска акција во општина Градско по повод Денот на општина Градско “16-ти Декември” се даруваа рекордни 78 крвни единици. Осуммина од дарителите за прв пат станаа дел од нахуманото семејство во земјата.
Крводарителската акција ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.
На акцијата учествуваа волонтери од Основната организација од Градско и од Клубот на млади. Ова беше трета крводарителска акција во 2021 година во Градско.