Новогодишно дружење со лицата со посебни потреби!

994

Насмеани лица, искрени прегратки и скромни желби за новата година, на новогодишниот ручек што го организираше Градоначалникот на општина Градско за лицата со посебни потреби.
Продолжуваме со традиционалната активност за делење новогодишни пакетчиња и дружење со скромен ручек за најчувствителниот дел од населението.
Преку овие скромни подароци општина Градско сака да биде дел од радоста на овие лица, да не се почувствуваат запоставени и заборавени, туку корисни и максимално вклучени во општествениот живот.
Градоначалникот Бешовски објави дека во Февруари месец, компанијата ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ќе донира комби возило за потребите на лицата со посебни потреби и адаптација на две простории за дневен центар во Градско.
На новогодишниот ручек присутните ги поздравија Претседателот на ЗЛПП “Надеж” Градско Виолета Бошкова која заедно со општината го организираше настанот и Претседателката на Лајонс клуб Кавадарци др Весна Чемерска Попова која понуди бесплатен преглед за лицата со посебни потреби во стоматолошката ординација “Фуџи Дент”.
Во оваа прилика на лицата со посебни потреби исто така пакетчиња им донираше и Ацо Малчев од Виничани.