Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ повторно доби магичен изглед. Учениците од драмската и ритмичката секција од одделенска настава при ООУ„Даме Груев“ подготвија новогодишна претстава „Среќна Нова Година“. Присутните со воодушевување се соживеаја со учениците – актерите кои го покажаа својот талент и чувство за сценски настап, но и пластично ги пренесоа доживувањата на Дедо Мраз пред доаѓањето на Новата година.