Сите заедно ја пренесовме пораката дека разликите не треба да нè раздвојуваат, туку да нè сплотуваат и заеднички да создадеме подобар и поправеден свет за сите. Чувството на еднаквост, пријателство и емпатија останува врежано кај сите присутни кои денес присуствуваа на новогодишната забава, организирана за лицата со попреченост од општина Градско. Преку магија, песна, игра и некој скромен подарок, заеднички создадовме свет за кој сонуваме, каде сме сите еднакви и прифатени. Им благодариме на сите компании и индивидуалци кои со своите донации измамија насмевки на лицата на присутните.