Населба Стопанство добива канализација после 70 години!

1520

Општина Градско отпочна со изградба на фекалната канализациона мрежа во м.в. “Стопанство” во населба Градско. Општината изминатата недела ги направи сите припремни работи на трасата за отпочнување на изградбата на канализацијата.
Населба “Стопанство” добива канализација после 70 години со што ќе се овозможи решавање на голем санитарен и хигиенско – здравствен проблем за овој дел од населба Градско.
Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку ЕИБ во висина од околу 4.437.295 милиони денари.
Изведувач на градежните работи е ДООЕЛ “Турбоинжинеринг” од Скопје.
Надзор над градежните работи ќе врши фирмата “Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии” АД Скопје.