Механизам за жалби и поплаки!

314

Владата на Република Северна Македонија обезбеди финансиска поддршка од Светска Банка за подобрување на локалната патна мрежа и условите за живеење во општините на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС).

Во општина Градско ќе се реконструираат следниве улици:

1.Реконструкција на локален пат до с.Виничани од Р1102 и

2.Реконструкција на улица Јане Сандарнски во општина Градско

За целите на реконструкција на постојната локална патна инфраструктура (урбаните/руралните улици, регионалните и локалните патишта), пешачките патеки, уличното осветлување, одводнувањето и градењето на капацитетите на општинскиот персонал, инвестиција од 70 милиони евра е обезбедена и надлежен орган за искористување на средствата е Министерството за транспорт и врски (МТВр) односно преку Единица за имплементација на проектот (ЕИП) со спроведување на Проектот за поврзување на локалните патишта
(ППЛП).

Проектот и реализацијата на проектните градежни активности ќе имаат позитивно влијание врз општината, особено во подобрување на економијата на заедницата, животната средина и социјалните аспекти. Реконструкцијата на локалната патна мрежа ќе овозможи побрз и посигурен пристап до сите места во општината, што ќе има позитивно влијание врз секторот за транспорт, земјоделство и врз другите економски сектори во развој  врз што пак се темели целокупниот иден економски развој на општината, но исто така ќе им озвозможи на жителите подобар пристап до локалните услуги, како што се здравствената нега, образовните институции, центрите за социјална работа кои ја покриваат територијата на општината.

ЕИП во рамките на МТВр согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата сè вкупно.

Вклучувањето и континуираната интеракција со различните групи на засегнати и заинтересирани страни е клучно за зголемување на прифаќањето на планираните мерки и активности и за нивно успешно спроведување. Целта на процесот на информирање и консултација е да се извести јавноста за планираната реконструкција/рехабилитација и да се добие повратна информација од претставниците на локалната самоуправа, жителите, а особено од засегнатите и заинтересирани страни (нивните потреби, гледишта и мислења поврзани со Проектот).

Јавноста, а особено заинтересираните и засегнатите страни, ќе може да ја искористат постапката за Механизам за жалби и поплаки и активно да учествуваат при реализација на Проектот.
Со цел добивање жалби и поплаки од засегнатите и заинтересирани страни, ЕИП воспостави постапка на Механизам за жалби и поплаки кој вклучува Образец за жалби и поплаки од засегнатите и заинтересирани страни за време на градежната фаза при реализација на Проектот.

Образецот за жалби и поплаки ќе биде достапен во електронска форма на веб-страната на Министерството за транспорт и врски и официјалната веб-страна на Општината.

Образецот за жалби и поплаки кој може да се користи при изведување на градежните работи е подготвен за локалното население (доколку се случи еколошки или било каков друг инцидент или оштетување на приватна сопственост).

Подносителот на пријавата ќе биде информиран за предложените корективни активности и за нивното следење во рок од 25 календарски дена по признавањето на жалбата и поплаката. Во ситуација кога ЕИП не може да го реши конкретниот проблем преку Механизмот за жалби и поплаки или доколку нема потреба од никакво дејствување, тогаш ќе обезбеди детално објаснување / образложение за тоа зошто не е решено прашањето. Одговорот, исто така, ќе содржи објаснување за тоа како лицето / организацијата што ја покренала жалбата и поплаката може да покрене повторно поплака во случај исходот да не бидезадоволителен.

Поплаките може да се пополнат усно преку телефон, во писмена форма (по пошта или e-mail) или со пополнување на Образецот за жалби и поплаки.

Сите добиени жалби и поплаки ќе ги обработи Комисија која ќе биде составена од најмалку три лица:  претставник на ЕИП, претставник на Единицата на локалната самоуправа и Претставник на локалното население, односно претседател на месна заедница.

Контакт лице од Единица за Имплементација на Проектот

Сашка Богданова Ајцева

Специјалист за животна средина и социјални аспекти

Тел: + 389 (2) 3145 535

Е-пошта: saska.bogdanova.ajceva.piu@mtc.gov.mk

Адреса: Единица за Имплементација на Проект

Министерство за транспорт и врски

Ул. “Црвена Скопска Општина” бр. 4

1000 Скопје

Република Северна Македонија

web: www.wbprojects-mtc.mk

Контакт лице од општина Градско

Лилјана Љуткова

Тел: 043/251-522

e-mail: ljutkova83@yahoo.com

web: www.gradsko.gov.mk

Контакт лице, претседател на месна заедница Градско

Горјанчо Илиев

Тел: 075/381-179

e-mail: ndt.goce@live.com

Контакт лице, претседател на месна заедница Виничани

Даниел Мирчов

Тел: 078/417-191

e-mail: danielmircov377@gmail.com

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот