Летна крводарителска акција во Градско!

205
Основната организација на Црвен крст Градско и Општина Градско во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, на ден 12.08.2023 год.(сабота) во просториите на Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” реализираше уште една успешна крводарителска акција.
Во периодот од 09:00-14:00 часот вкупно крв даруваа 65 крводарители од кои 4 се запишаа како нови крводарители и 4 одбиени поради здравствени проблеми.
Следната крводарителска акција ќе биде одржана во месец декември.
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв, а воедно ги охрабруваме и останатите граѓани да даруваат крв и да дадат свој придонес во хуманиот чин за спас на нечиј живот.