Интензивно се гради патната инфраструктура во Градско!

611

Општина Градско отпочна со градежните работи на Реконструкција на улица “Илинденска” со изградба на атмосферска канализација со вкупна должина од 303 метри која ќе ги зафаќа сите атмосферски води од овој дел на Градско. Оваа улица е главна артерија во населба Градско која е дел од локалниот пат Градско – Долно Чичево – Подлес. Во моментот се работи на првата фаза со должина од 115,67 метри со вредност од 3.180.100,00 средства обезбедени од Буџетот на општина Градско.
По завршувањето на првата фаза се продолжува реконструкцијата улицата и изградба на атмосферска канализација на втора и трета фаза со должина од 187,18 метри со вредност 4.497.690,00, средства обезбеди од Бирото за регионален развој и од Буџетот на општина Градско.