Изградена улица бр.3 во с.Виничани – пристапен пат до м.в. Лаките!

660

Општина Градско продолжува со ист континуитет и квалитет за подобрување на животот на своите жители со ставање на акцент на изградба на патната локална мрежа. Од неодамна,  завршија градежните работи за изградба на улица бр.3 во село Виничани – пристапен пат за населба  Лаките, со вкупна должина од 580 метри, во вредност од 2.543.850,89 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Градско.