Општина Градско ја информира јавноста дека на ден 20.06.2022 год. (понеделник), ќе врши превентивна терестична дезинсекција во 20.00 часот.
Се известуваат пчеларите за време на прскањето и до 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на промена на временските услови (дожд и ветер), третирањето ќе се изврши кога ќе се создадат погодни временски услови.