Известување од Кризниот штаб на општина Градско!

1263

За овој продолжен викенд и празнувањето на двата празника Св.Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам, владата донесе одлука за забрана за движење на граѓаните од Недела 24 Мај од 11 часот до Вторник 26 Мај до 05 часот. Другите денови од неделата останува истото време за забрана за движење.

Покрај доставата од страна на мобилниот тим на Општинскиот кризен штаб за граѓаните кои не успеале да се снабдат со најосновни намирници и лекови,
– КРИЗЕН ШТАБ – ДОСТАВА
тел: 070/315-485,
070/566-261,
078/441-443
Кризниот штаб донесе одлука да издаде дозвола на барателите од општина Градско за дистрибуција на најнеопходни продукти и храна Само за овој продолжен празничен викенд од 24.05.2020 до 26.05.2020 (Недела и Понеделник) во периодот од 10 – 18 часот преку вработени лица со издадени дозволи за движење од страна на снабдувачите:
– ТП “ЛАЛА” 2014 с.Виничани
тел: 070/981-678
– ТП “ЕКСКЛУЗИВ” Градско
тел: 078/203-878
– ТП “ДЕНГОК – ММ Градско
тел: 078/202-789