Известување за теренска вакцинација!

539

Се известуваат жителите на општина Градско дека на 22, 23 и 26.07.2021 год., Здравствен дом Велес ќе изврши теренска вакцинација за Covid – 19 со “Синовак” во општина Градско.
Секој кој сака може да се вакцинира без закажан термин, а парарелно ќе се одвива и вакцинација на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk.
Во населените места каде нема услови и соодветни објекти граѓаните ќе се вакцинираат во медицинските возила!

22.07.2021 год. (Четврток) во 08.30 час. во селата Кочилари, Ногаевци, Водоврати и Виничани.

23.07.2021 год. (Петок) во 09.00 час. во селата Горно Чичево, Долно Чичево и Подлес.

26.07.2021 год. (Понеделник) во 8.30 час. во нас.Градско.