Избрани најдобрите ученици и студент во општина Градско!

212
Согласно Правилникот и објавените критериуми и начинот на доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во општина Градско, Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на општина Градско ги избра следниве ученици и студент:
1.Иван Трендафилов – ученик во IX одд. во ООУ „Даме Груев“ Градско. Ученик со континуиран одличен успех, како и добиени многубројни пофалници и благодарници.
2.Десанка Николова – ученик во IV година во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес, со континуиран одличен успех, освоено прво место на Државен натпревар по биологија и освоени повеќе благодарници и пофалници.
3.Камелија Јанева – студент на II година на Факултетот за Медицински науки – насока општа медицина, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со просек 9.44.
Им честитаме!