Започнуваат градежните работи за реконструкција на Р 1102 (Градско-Велес)!

311

Се известуваат жителите на општина Градско дека поради реконструкција на регионалниот пат Р1102(Градско – Велес) од утре започнува посебен режим на сообраќај на оваа делница. Работата стартува утре во должина од 3 км кај населено местo Ногаевци ст.11+492 до ст.14+563 км. По завршување на овие работи ќе се работи на делницата кај населеното место Виничани. Затворањето на делницата ќе биде етапно и за секоја фаза жителите ќе бидат навреме известени.