Чекор по чекор ја подобруваме локалната патна инфраструктура и на нашите жители им обезбедуваме подобар квалитет на живот.
Започнаа градежните работи за изградба на улица бр.3 – село Виничани (пристапен пат за населба Лаките), со вкупна должина од 571,5 метри, во вредност од 2.543.850,89 милиона денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Градско. Изведувач на работите е фирмата ДТГУ „Павер Трејд“ ДООЕЛ Кавадарци.