Започна асфалтирањето на улицата „Илинденска„ во нас.Градско (втора и трета фаза)

416

Со средства од Бирото за регионален развој – Министерство за локална самоуправа и со кофинансирање од страна на општина Градско, денес започна асфалтирањето на улицата „Илинденска„ (втора и трета фаза), вклучувајќи и изградба на атмосферска канализација. Вкупната вредност на проектот изнесува 4.497.689,88 денари со вклучен ДДВ. Оваа реконструкција е дел од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, индикативно планирани средства за 2022 година.