Започната изградбата на фекална канализација во с. Горно Чичево!

1317

Започнаа Градежните работи за изградба на канализациониот систем во с.Горно Чичево.
Реализацијата на овој проект и проектот за набавка на контејнери и канти за собирање на сметот во општина Градско ќе овозможат спречување на загадување на животната средина од комунални отпадни води и отпад од растително и животинско потекло во атарот на с. Горно Чичево од каде што Градско, с.Горно Чичево и с.Долно Чичево се снабдуваат со вода за пиење.
Средствата се обезбедени од Министерство за животна средина и од буџетот на општина Градско во вредност од 1.960.002,60 денари. Изведувач на градежните работи е фирмата “Ми Комерц” ДООЕЛ – Кавадарци!